
Утре 31.05.2025 година (сабота) во 10:15 часот ќе се одржи трибина во врска со Оперативниот план 2025, насловена „Визија за промена“ во Медија центарот на Владата.
На трибината учесници ќе бидат:
Сељатин Бељули, директор на Агенција за вработување на Република Македонија,
Ѓоко Велковски, заменик-министер за социјална политика, демографија и млади,
Весна Јаневска, министер за образование и наука.
Модератори на трибината се портпаролите на Владата на Република Македонија, Марија Митева и Венера Љатифи Азизи.