
Во критична состојба се вкупно 45 лица, истите се транспортираат во странство, во соодветни здравствени установи и Владата прави напори за нивно безбедно згрижување, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
-Увидот и натаму го врши ОЈО. После 17 часот вчера се започна со транспорт на телата во Судска медицина. Во критична состојба се вкупно 45 лица, истите се транспортираат во странство, во соодветни здравствени установи и Владата прави напори за нивно безбедно згрижување. Огромна благодарност до сите НАТО пријатели кои се понудија да помогнат.
Од она кое го имаме утврдено досега, ќе пробам да доловам конкретни факти во јавноста. Од извршен разговор со член на групата на ДНК, утврдено е дека пиротехничките средства ги донел бендот. За жал, лицето кое било задолжено за нивна употреба е починато.
Во Полициски станици на подрачје на Скопје и на Тетово се приведени пет лица, се обавуваат службени разговори, меѓу кои и поранешен министер. Дадени налози за претреси на два дома, при што се пронајдени оружје и муниција. По преземените мерки, утврдено е дека прравното лице нема лиценца за работа. Издавањето на лиценца е под надлежност на Министерство за економија, и правното лице нема издадено важечка лиценца, и сопственикот приложил фалсификат лиценца. Ќе се врши претрес во дом и патничко возило на сопственик на дискотека, и во книговодствено биро кај одговорното лице.
Се приведени 13 лица во ПС во СВР Штип, неформален сопственик на дикотека, продавач на влезници, лица од обезбедување, сопственик на објект на дискотека, три лица од ДПИ, едно лице од трудов инспекторат, и уште едно лице кое било поврзано со настанот. На 11 лица им е одреден 48-часовен притвор.
Во врска со пиротехничките средства, ќе биде доставен извештај до ЈО, и потоа ќе достави барање до МВР, при што дополнително ќе се утврди дали истите можеле да користат без сертификат. Констатирани се низа неправилности во рамки на објектот, кој ги напомена јавниот обвинител, изјави Тошковски.