Skip to main content

Тошковски: Нови Управни служби во општина Желино, покажуваме дека институциите можат да нудат брзи услуги и да водат грижа за своите граѓани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети Полициското одделение Групчин, општина Желино при што отвори нова канцеларија на Управните служби на МВР.

Денеска сме во општина Желино и заедно со поддршка на локалната самоуправа и градоначалникот на Тетово. Во рамки на една заедничка идеја што ја имавме уште пред изборите, она што сме го ветиле го реализираме а тоа е го доближуваме услугите на МВР до секој еден граѓанин на Македонија. Истово го сторивме ова во општина Липково, општина Јегуновце, општина Сарај, еве сега и во општина Желино. Во рамки на Полициското одделение во Групчин, отвораме Управни служби на МВР каде што сите оние граѓани кои се околу триесеттина илјади заедно со нашите иселеници ќе може во рамки на својата општина, поблиску до својот дом, да си ги остварат сите оние права коишто се во делот за вадење на лични документи како пасоши, лични карти и возачки дозволи. Покажуваме дека можело поинаку од она што било претходно. По информација на градоначалникот на општина Желино, повеќе од 7 години е барано во рамки на ова полициско одделение да бидат отворени управни служби. Секој македонски граѓанин заслужува да си го добие услугите од МВР и сите останати институции на достоинствен, брз и ефикасен начин, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски нагласи дека во иднина ќе продолжи со ваков тип проекти за да се покаже дека навистина институциите можат да покажат грижа за сите граѓани на Македонија. 

Поврзани вести