
Постарите сигурно ќе се сетат на шоуто „Џери Спрингер“. Исто такво шоу ни приредија Бојан Јовановски и поранешната обвинителка Вилма Русковска.

A се сеќавате на командант „Филџани“ кој во Собранието пред неколку години гаѓаше пратенции со филџани и шишиња.
Е тој филџани, кој сега е нешто во ДУИ, се заканува дека ако имало реприза од војната во 2001 година Албанците немало да загубат. Поминаа повеќе од две децении а филџани уште зборува за војни.

На кого се заканува? Па нели војната беше за рамковен договор, за рамноправност., за НАТО. Ќе бидеме ли првата земја членка на НАТО во која ќе има војна, прашува авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.
Нема врска. На филџани му фали само власт. Тој сака рамноправност само во власта, но не и пред законите каде се сите се еднакви.
Но, филџани смета дека ако Крешник Бектеши биде обвинет за трагедијата во Кочани ќе се нарушеле меѓуетничките односи. Абе ајде, па што не протестираше кога избега Артан Груби? Алоо Обвинителство, мислам дека имате пациент за прибирање?, истрагата за трагедијата во Кочани заврши.Осомничени се 46 граѓани, повеќе Македонци, помалку Албанци, иако тоа е тотално небитно.
И сега што ќе прави Филџани ако има обвинение и за Бектеши, ќе и каже на онаа, како и да се викаше, да ги вади чизмите од подрум?
Премиерот Христијан Мицкоски со последите изјави ја крена на нозе Бугарија па мораа набрзина да донесат некаква декларација за Македонија.
Каква разлика од улизувањето на Заев, Таче, Бујар на кои бевме навиканти. Од каде да почнам. Прво пред Каја Калас рече дека би сакал да знае каде се загубија Македонците од Западна Бугарија кои во педесетите и шеесеттите години беа околу 200.000.

Пред неколку дена пак, во пресрет на Резолуцијата која ЕП ќе ја донесе со која ќе се признае македонскиот јазик и идентитет, Mицкоски во фаца на оние во Бугарија им рече дека не му паѓа на памет да ги внесе Бугарите во македонскиот Устав додека не види Македонец во бугарскиот комитет за малцинства. Taка се бранат македонските интереси.
Во говорот во Будимпешта, кој не беше ни за бугарски ни за европски уши, Мицкоски ги спомена и Кирил и Метдој и Македонија и историјата и традцијата и оти тоа не е на продажба.
И пред денешната расправа на Европскиот парламент каде кончено имаме изестувач кој ја признава реалноста дека Македонците се Македонци со посебен јазик и идентитет, Мицкоски отворено ја прозре намерата на Бугарите во резолуцијата да протнат амадман дека македонскиот јазик и идентитет се дефинираат како „сегашни“, Каде бе со овие eфтини бугарски финти?
Слушнате дека лидерот на СДСМ Венко Филипче ќе си ја враќал државата назад. Неее не е виц ниту шегичка од К-15. Изгледа цела Македонија е во Дубаи па сега Венко сака да си ја врати назад.
Откако призна дека нема никаква контрола во партијата и оти ни неговите не го есапат два посто реши советниците во општините да ги ротира на две години за да не шурувале со власта.
Ауу јака реформа, како ли му текна. Абе оди среди си ја партијата и освои некој градоначалник. Вмровциве уште од сега се спремни за локални а тебе ќе ти остане само Струмица. Ама па таму сте јако друштво собрани, инвеститор до инвеститор, и тоа со златни визи.
Дека оваа недела не е на Венко покажа и аферата „Провизии“ што му ја извади ВМРО-ДПМНЕ за пожарот во модуларната болница во Тетово кога токму Филипче беше министер за здравство.
