Skip to main content

Станува ли Фросина малата Тамара?! СДСМ и Левица со нова „шарена“ револуција во обид за политички поени и спас на криминалите на претходната власт

Ја „краде“ ли некој судбината на Фросина Кулавкова за политички протест?! Се злоупотребува ли смртта на младата девојка и болката на нејзиното семество?! Станува ли Фросина малата Тамара?! Мириса на нешто слично на Шарената револуција – злоупотреба на туѓа несреќа, болка за политички поени. Некако работите се поклопуваат – предизборие, со оглед дека доаѓаат локалните избори, се користи случај за кој јавноста се разбранува, истиот се врти политички и се прават немири, протести, се собира народ, кој е донесен во заблуда, мислејќи дека протестира за Фросина, му помага некому да собере политички поени. Во период кога се започнаа конечно приведуваа, постапки и судења за криминалите во владеењето на СДСМ, некој вади толпа народ да протестира пред Влада. Зошто пред Влада? Зошто не пред суд, зошто не пред обвинителство?! Ако веќе се работи за правда за Фросина, зошто адресата не е онаму каде што некој му дозволил на младиот возач кој ја прегази да биде на слобода и покрај многуте дела кои се запишани зад неговото име? Зошто се потестира пред Влада, кога на власт е сосема друга гарнитура од онаа која владеела во времето кога Јованов е оставен на слобода? Дали некој сака да ги фрли во сенка криминалите на СДСМ, да го сврте вниманието? Дали некој очајнички се обидува да ги спаси криминалците од претходната власт?

Универзитетскиот професор Самоил Малчевски за Алфа, изјави дека целта на социјдемократите со злоупотреба на овој случај не е само собирање на политички поени, туку и цел да не одговараат за сторените криминали.

-СДСМ се обидува на овој начин да избегне од темата одговорност на обвинителско судскиот систем во Република Македонија. Очигледно е дека исплашени од најавите на Мицкоски дека ќе има одговорност, дека се документираат многу нелегални активности додека они биле на власт и свесно се обидуваат да ја дефокусираат јавноста од она што сите ние со години го зборуваме, а тоа е реформа на правосудниот систем во Република Македонија, изјави Малчевски.

Го штити ли опозицијата државниот обвинител Љупчо Коцевски. Зошто токму СДСМ и Левица се гумата за спасување на Коцевски? Што стои во позадина? Прашања за кои сите имаме одговор, судејќи по она што се случува во Обвинителството.

Кој е организатор на протестот со кој пред локалните избори се креваат протести во целата земја? Анонимни групи… Дали?! Дел од граѓаните ја препознаваат позадината. Велат еднаш се изгоревме со Шарените, вторпат нема да дозволиме.

Со ова освен нивни лажен политички бенефит нема да има фајде. Напротив ќе почнат да наштетуваат на вистински правдољубивиот човек и заедница. А попатно и негативни импликации на самиот трагичен случај… – коментира корисник на социјалните мрежи.

Граѓаните реагираат на бездушноста во злоупотреба на овој трагичен настан. Таткото на Фросина побара да не се политизира случајот. Но спротивно на тоа СДСМ и Левица прават обид за нова шарена револуција.

Таткото на Фросина бара да не се политизира случајот, СДС ги активира шарените мислат ќе создадат 2015 пак – коментира корисник на Твитер.

Граѓаните велат:

Ние кои се изгоревме еднаш веќе дуваме и на ладното млеко! Никогаш повеќе ” шарените” , најголемите предавници и душмани на Македонија!

Ние во Србија ги препознаваме, а за кај нас нема да дозволиме реприза, ќе бидат веднаш стигматизирани и отфрлени сите нивни обиди за злоупотреба на настанот! Тоа и семејството го отфрли како обид за партиска злоупотреба!

Кој дава пари за протестот, за сите оние транспаренти за сите оние флаери, бои за фарбање?! Кој го плаќа организаторот да лепи плакати?! Кој ги прави тие плакати? Многу прашања кои заслужуваат одговор. Кој повикува на протест? Каде беа овие организатори во изминатите 8 години?! Зошто ги немаше за сите оние болки, преживувања, неправди?! Зошто ги немаше на собирите за смртта на младата девојка која беше свирепо убиена?! Дојдоа едвај тројца на протестот! Или тогаш обвинителскиот систем и правосудниот ситем функционираа одлично, барем според нивни вкус?!

– Зошто одиме на протест во недела? Поради правосудството? Поради криминалот? Поради корупцијата? Поради недостатокот на култура? Поради сите пријатели кои ни заминаа? Поради лошите политичари? Поради лошата надворешна политика? Поради расплаканите мајки? Поради отсутните татковци? Поради немањето основно животно достоинство? Поради небезбедноста? Поради згаснатите соништа? Поради украдените години? Поради уништените работни места? Поради мизерните плати? Поради децата што растат без надеж? Поради болниците што не лекуваат? Поради судиите што не судат? Поради професорите што не предаваат? Поради новинарите што молчат? Поради младите што не се враќаат? Поради селата што умираат? Поради градовите што гасат светлина? Поради воздухот што не се дише? Поради образованието што не образува? Поради полицијата што не штити? Поради партиите што не служат? Поради надежта што ја убиваат? Поради љубовта што ја претворија во луксуз?
Поради животот што го направија преживување? Одиме на протест поради тоа што сакаме да живееме тука! – наведено е во најавата за протестниот марш.

Дали во изминатите осум години анонимниот организатор не гледаше расплакани мајки и отсутни татковци?! Дали воздухот им беше алпски, дали селата живееа, платите им беа високи, младите не бегаа од државата, надворешната политика им цветаше, а политичарите им беа добри?! Како тоа организаторот се буди само кога СДСМ не е на власт?! Како организаторот најде поврзаност помеѓу трагедијата на Партизанска и ниските плати и загадениот воздух?!

Ќе се бореле против системското нефункционирање?! Кој го прави системот?! Ние граѓаните! Ако МВР веднаш после несреќата со Фросина за само еден ден регистрирало дури 1.039 сообраќајни прекршоци, помеѓу кои непочитување на брзина на движење, управување на возило без возачка дозвола, минување на црвено светло, алкохолизирани возачи, како и управување со нерегистрирани возила … Кој е крив?! Полицијата што воведе засилени контроли или граѓаните кои и покрај трагедијата не се свестија што прават по улиците?! Да, секој граѓанин може да биде следна жртва, но и секој граѓанин може да биде следниот Јованов! Да тргнеме од себе, да ги промениме нештата. Но не за да одработиме туѓи политички интереси и поени! Да ги промениме нештата за нас, така што за почеток ќе се промениме ние!

Секој глас е важен, вели организаторот! Некако звучи адекватно за предизборен период!

Поврзани вести