Skip to main content

Средби на Муцунски во литванскиот Парламент

МНРиНТ

Во рамки на работната посета на Литванија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево го посети литванскиот Парламент – Сејмас, каде оствари одвоени средби со пратеници, членови на Комисиите за надворешни работи и европски прашања, како и со Групата за меѓупарламентарна соработка со земјите од Западен Балкан.

Како што соопшти МНРиНТ, на средбите, министерот Муцунски ја нагласил важноста на парламентарната соработка и улогата на народните претставници во продлабочувањето на односите меѓу двете држави.

Тој истакнал дека парламентарната дипломатија претставува значајно дополнување на класичната дипломатија, особено во промовирањето на дијалог и градењето стабилни партнерства.

Фокусот на дискусиите беше ставен и на можностите за понатамошно унапредување на соработката меѓу литванските и македонските пратеници – како на билатерално ниво, така и во рамките на европските парламентарни форуми – со цел продолжена и силна поддршка на процесот на проширување на Европската Унија, стои во соопштението на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Поврзани вести