Skip to main content

Советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, Кристина Атанасова-Арсова низ солзи си поднесе оставка од функцијата: Ќе се посветам на моето дете кое е повредено и на сите деца кои се повредени

ринтскрин

Советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, Кристина Атанасова-Арсова низ солзи си поднесе оставка од функцијата за време на изборот на в.д. градоначалник во Кочани.

Ќе побарам прошка и извинување на сите граѓани кои дадоа глас за мене како дел од советничката листа, затоа што не успеав да реализирам многу работи бидејќи тие работи не беа приоритет за градоначалникот и раководството. Истите водени од своите суети, понесени од моќта на функциите, се грижеа само за своите интереси, истакна денеска советничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Кочани.

Советот денеска бира в.д градоначалник.

Јас во оваа прилика сакам да ја доставам мојата оставка за советник до претседателот на Советот, Ова е страшно недостојно и понижувачки за мене и за сите кои ме гласале. Оние кои не ме знаат можат да ме критикуваат, а оние кои ме знаат ќе знаат зошто го правам тоа.

Јас во иднина ќе се посветам на моето дете кое е повредено и на сите деца кои се повредени. Сите идеали на овој свет не вредат колку солзите на едно дете, истакна советничката.

На денешната седница каде имаме два кандидати за в.д градоначалник, за едниот кој се кажува како обичен човек, притоа заборава дека сите сме обични, за тој кој својот кредибилитет го гради само преку медиумски ситни реклами, човек кој не одговори на прашање заошто како советник сите овие години не се сетил да се запраша за правилностите или неправилностите во дискотеката, а тоа е веројатно затоа што му годела забавата во тој објект после користењето на забранети супстанци. За другиот заедно со своите блиски другарчиња, понесен од влијанието на позицијата тргнува по освојување на функционерска позиција притоа со физички напади, човекот кој не го гласаше Буџетот за 2025, а сега сака да раководи со него. Во оваа прилика сакам да ја доставам мојата оставка како советник“ – вели Атанасова Арсова.

Кристина Атанасова – Арсова, беше советник во советот на Општина Кочани, а претходно и директор на штипскиот Дом на култура „Ацо Шопов“.

Поврзани вести