Skip to main content

„Добри луѓе“ на Милчо Манчевски викендов ќе се прикаже во Кочани

Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани в сабота (22 август) во 18 часот ќе се одржи проекција на документарниот филм „Добри луѓе“ во режија на Милчо Манчевски. Влезот е слободен. Документарецот е сведоштвото за Кочани по пожарот во дискотеката „Пулс“.

Светска премиера филмот доживеа во неделата во рамките на 32. Сараевски филмски фестивал. Филмот е во продукција на „Банана филм“ Скопје во соработка со Support Kochani.

Поврзани вести