Skip to main content
Средба на вицепремиерот Александар Николоски со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто

Силното партнерство со Унгарија и носи огромен бенефит на Македонија

Министерство за транспорт

Нашите односи со пријателите продолжуваме да ги градиме на уште повисоко ниво. Посветено работиме на реформските процеси, државата ја упатуваме во вистински правец на просперитет, а процесите се силно подржани од нашите партнери Владата на Унгарија, истакна вицепремиерот Алекандар Николоски утрово на средбата со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто.

Министерот Сијарто е во работна посета на Македонија, кој во име на Владата на Унгарија денеска ќе го потпише Договорот за стратешка соработка меѓу Владите на Македонија и Унгарија.

Поздравувајќи го потпишувањето на овој стратешки документ, вицепремиерот Николоски истакна дека соработката меѓу двете земји се издигнува на повиско ниво и истиот ќе донесе многу придобивки за Македонија преку реализација на нови инфраструктурни проекти.

Во контекст на Договорот, а во насока на развојните политики на државата, вицепремиерот Николоски го потенцира планот за економски развој на земјата, посебено истакнувајќи го развојот и модернизацијата на транспортните коридори.

На средбата, двајцата министри го потврдија партнерството засновано на силни политички односи и развиена економска соработка значајна за двете држави.

Овој стратешки договор со Унгарија е многу значаен во време на огромни политички и економски предизвици за Македонија. Партнерството носи само бенефит а соработката со Унгарија никогаш не била на повисоко ниво.Договорот дополнително ќе ни донесе нови проекти во инфраструктурата и верувам дека оваа соработка што ја имаме со Унгарија ќе ја продлабочуваме во периодот што следи” – истакна по средбата вицепремиерот Николоски.

Поврзани вести