Skip to main content

Сиљановска-Давкова по повод 80 години од основањето на ОН: Нека биде почеток на ново поглавје во мултилатералната соработка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска присуствуваше на одбележувањето на Денот на Обединетите нации (UN Day 2025), што се одржала во Музејот на град Скопје под мотото „Building Our Future Together“, по повод 80 години од основањето на Обединетите нации.

Сиљановска-Давкова во објава на Фејсбук посочува дека оваа значајна годишнина нека биде почеток на ново поглавје во мултилатералната соработка, втемелена на силни и реформирани ОН.

-Само ако останеме верни на основните приниципи на коишто почива Повелбата на светската организација, можеме да изградиме побезбедна, поправедна и поодржлива иднина за сите! #WeAreUN #UN80, напиша претседателката Сиљановска-Давкова.

Поврзани вести