Skip to main content
Се „пролепшавала“ за беспари

„Шарената“ девојка што се шминкаше пред штитот на полицаецот го демантира заменик директорот на ФБИ

Јасмина Голубовска, девојката од Шарената револуција се најде во центарот на американските власти и медиуми откако заменик директорот на ФБИ Ден Бонџино ја обвини дека земала финаниски средства од Сорос и Усаид за протестите кои беа во 2015 година. Голубовска во реакцијата што ја испрати до „Република“ демантира дека земала пари. Таа вели дека била граѓански активист за без пари, односно дејствувала за џабе.

Демантирам дека сум била ангажирана и/или добила финансискинадоместоци за практикување на моите граѓанските и политички права кои се загарантирани со Уставот на Република Македонија и понатаму, Закон за јавни собири, наведува Голубовска.

foto Rojters

Таа потсетува дека фотографијата на која таа се шминка пред штитот на полицаецот била направена за време на протестот за убиството на Мартин Нешковски.

Голубовска во реакцијата го нарекува квази медиум подткастот кој го водеше заменик директорот на ФБИ кој е еден од најгледните во САД .Токму таму беше објавено дека таа зела пари.

Голубовска вели дека не добила финанските средства или нематеријална довивка во Република Македонија. Бонџино во објавата воопшто не тврди дека добила пари од матичната држава туку од САД.

Уште една нелогичност од страна на Голубовска.Таа тврди дека немала никакви авторски права за споменатата фотографија која беше објавена речиси секаде и оти не можа да бара финансиски надомест за истата. Кој воопшто спомена за правата над фотографијата? Кажува нешто што никој не ја прашува или обвинува.

Очекуваме дека следната реакција на госпоѓата или госпоѓицата Голубовска ќе биде директно до ФБИ. Таму со нетрпение ја чекаат.

Поврзани вести