Skip to main content
RuNh0utwXpU
СТАВ НА ВМРО-ДПМНЕ

Семејните и личните интереси на обвинителите Коларевиќ и Абази, ги амнестираше осомничените за случајот „Мазут“ вреден 167 милиони евра

Семејните и личните интереси на обвинителите Коларевиќ и Абази, ги амнестираше осомничените блиски до СДС и ДУИ за случајот „Мазут“ вреден 167 милиони евра.Не беа доволни извештаите на ДЗР, не беа доволни докази од МВР, не беше доволно тоа што се труеше народот, но доволно беше за Коларевиќ и Абази, некој од врхушките на СДС и ДУИ, да им соопшти дека треба да се прекине со обвинителската постапка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коларевиќ е со семејни врски со кадри избирани од СДС, на пример, нејзиниот татко бил избран за државен правобранител во 1998 година, а нејзината мајка за уставен судија во 2004 година, додека пак Абази е со познати релации со ДУИ и Али Ахмети, со кој е растен во Зајас и се комшии. Оваа коалиција на Коларевиќ и Абази од обвинителството, ја спаси коалицијата на СДС и ДУИ во политиката.

Еден од најсериозните и најголеми енергетски скандали во историјата на Македонија, не заврши во судница, туку заврши уште во обвинителство.

Дали има финансиски мотиви со кои Коларевиќ и Абази молчат и дали заради тоа ја запреа постапката? Зошто СДС не го осуди овој случај и не го повика Васко Ковачевски да се врати во Македонија? Зошто Советот на јавни обвинители молчи и не истражи дали е постапено според сите процедури во овој најголем финансиски случај во енергетиката?

Правда мора да има. Обвинителството не смее да биде засолниште за кадрите на СДС и ДУИ.

Поврзани вести