
Денеска, како дел од владината делегација, заедно со Ѓоко Велковски, заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, градоначалникот на Штип, Иван Јорданов и претседателот на Еврејска заедница, Пепо Леви, со длабока почит се придружив на комеморативната програма во Штип, одбележувајќи ја годишнината од депортацијата на штипските Евреи. Заедно со претставници од Советот на општина Штип и многумина граѓани, учествував во „Поворката на живите“ – патека на сеќавање од општинската зграда до споменикот на депортираните, сподели министерот за локална самоуправа Златко Перински.
Со полагање цвеќе пред Споменикот на депортираните Евреи и посетата на Еврејските гробишта, оддадовме почит на невините жртви и испративме порака дека никогаш нема да заборавиме. Сеќавањето е наша одговорност, а заедништвото – наш завет за иднината, рече Перински.