Skip to main content

Сè побројни и сè погласни се повиците државата да му укаже почит на младиот херој Јован Костадинов и да го одликува за покажаната храброст

На социјалните мрежи во земјава, но и во странство, каде се прошири приказната за подвигот на Јован, сè побројни и сè погласни се повиците државата да му укаже почит на младиот херој и да го одликува за покажаната храброст.

„Тој беше надвор за време на пожарот, успеа да најде вода во близина, ја натопи маицата што ја стави преку лицето и без двоумење влезе внатре низ страничната соба за да ги спаси луѓето“, се вели во една од објавите на социјалните мрежи.

Една од мајките на детето повредено во пожарот јавно му се заблагодари на Јован.

„Во најтемните моменти на паника и хаос, кога сите беа збунети и исплашени, Јован се појави како светилник на надежта. Без размислување го зеде син ми, кој беше под урнатините на дискотеката, и го носеше на грб низ оган и чад, сè до болницата во Кочани, за да го спаси, додека сите околу него трчаа и се бореа за живот“, напиша таа.

Храбриот тинејџер по пожарот е примен на Клиниката на токсикологија поради вдишување чад и, според информациите, е во стабилна состојба.

Поврзани вести