
Министерството за здравство го рзреши од функција директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски.
Тој се огласи по објавите на социјалните мрежи.
-Изразувам длабоко каење и се извинувам поради постапката која се има случено далеку пред моето превземање на менаџирање на клиниката за Неврологија. Тоа е постапка со која не се гордеам и сметам дека е момент на моја слабост која не смее да биде пример. Секој човек во животот се соочил со слабости, предизвици и грешки. После ова знам дека оваа грешка нема да се повтори и сум подготвен да живеам со сите мои подеми и падови, напиша тој.
Посочи дека се повлекува од функцијата директор на клинката, задоволен со многуте резултати кои заедно ги постигнал со неговиот тим за краток период.
–Се извинувам на сите кои ги разочарав и ќе продолжам да работам како доктор, она што највеќе го знам, сакам и живеам, да спасувам животи, помагам и работам за доброто на заедницата, напиша Кузмановски.
