Skip to main content
OБВИНИ ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ штанца соопштенија без никаква суштина и за празници

СДСМ кога нема што да каже, кажува се, во обид да бидат интересни и да привлечат внимание, продолжуваат со навредливи, празни и нереални соопштенија кои немаат никаква допирна точка со реалноста, ниту пак со вистинските потреби на граѓаните, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

нивните јавни настапи кои се исполнети со сцени и конструкции, се неважни за општеството и служат исклучиво за дневнополитички напади.

СДС наместо да креираат фикција и празни соопштенија, треба сериозно да се посветат на сопствена реформа и да понудат политики што ќе бидат од корист за граѓаните и државата.

Кога се нема цел, зборовите стануваат бучава, а делата празнина. Токму таков е пристапот на СДС кој создава само политичка бучава, без суштина и без резултати.

На граѓаните им се потребни дела, конкретни проекти, реформи, борба против криминалот и корупцијата и политики што носат напредок.

Филипче се појави ли барем во канцеларија ако не помеѓу граѓаните, или уште е на туристичка дистанца од проблемите во партијата и по инструкции од Заев?

Поврзани вести