
ВМРО-ДПМНЕ одговори на денешните обвинувања на СДСМ за пиротехниката што се користела во дискотеката во Кочани.

Партијата смета дек аСДСМ брутално и очигледно ја злоупотребува трагедијата во Кочани, со очајнички обиди да фрлат песок во очите на јавноста и со нивните лаги да ја засенат вистината.
СДСМ искажува некрофилска тенденција да ја искористи трагедијата за добивање на политички поени и манипулација со јавноста. Јавноста знае дека во 7 годишното владеење на СДС, никој не одговараше за ниту еден скандал, немаше одговорност, а уште помалку приведени функционери.
Оттаму сметаат дека наместо злоупотреба на трагедијата во Кочани, нека одговори зошто Филипче е изземен и неодговорен за Модуларната болница.
Филипче е најодговорниот за 14-те жртви за модуларната во Тетово, тој лично ја правел техничката спецификација на тендерот.

Венко Филипче дозволил изградба на модуларни болници без огноотпорни материјали. Филипче и СДС работеле надвор од законските процедури.
Аферата „Провизии кои чинат животи“ ја откри вината на Филипче за пожарот во Модуларната болница.
За разлика од претходната власт сега има сеопфатна, темелна истрага за трагедијата во Кочани во која беа опфатени поранешни и сегашни функционери, од кои некои се во притвор, а тоа е доказ дека сега има одговорност и неселективност.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ за разлика од претходната власт, донесе серија законски, измени со кои тотално се забранува употреба на пиротехнички средства во затворен простор, со цел да нема импровизации кои во иднина би резултирале со несреќи.
Санкциите за прекршување на оваа забрана драстично се зголемени, но исто така утврдена е и строга одговорност за нелегално присуство на малолетници по полноќ во угостителски објекти, со цел заштита на младата популација.
Ова се ефикасни законски мерки со кои се воведува одговорност и ефективен надзор, мерки кои гарантираат заштита на јавноста во затворени простории.
Оваа Влада демонстрира одговорност со максимална сериозност и законски механизми ја брани јавната безбедност, води транспарентна и структурирана одговорност кон сите виновници без исклучок.