
Пратениците на СДС и ДУИ дадоа „црвен картон“ и гласаа против безбедноста на граѓаните во сообраќајот, додека сите останати ја препознаа користа од проектот безбеден град. СДС и ДУИ не го дадоа гласот за измени на Законот за прекршоци, важен дел за официјално да се применува системот безбеден град од 1 февруари“, се вели во реакција на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека „Безбеден град“ е проект кој го поддржаа сите политички фактори и целта на истиот е да ја зголеми безбедносната култура кај граѓаните, но коалицијата ДУИ – СДСМ се против систем кој означува сигурност и стабилност за граѓаните.
„Безбеден град“ е систем кој уште на првиот ден од функционирањето регистрираше околу 110 илјади сообраќајни прекршоци, а нивниот број беше намален за половина за 24 часа. Овие податоци јасно ја потврдуваат ефикасноста и оправданоста на неговата примена“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата истакнуваат дека граѓаните го заслужуваат овој систем, познат како безбеден град, кој функционира во нивна корист.
СДС и ДУИ уште еднаш покажаа дека не можат да се грижат за граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ не само што се грижи за безбедноста и животите на граѓаните, туку и продолжува да креира политики кои се во интерес на народот“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонски




