
Велат: „Секој народ си ја заслужува својата власт”“, но ние Македонците не заслуживме таква неспособна и расипничка власт каква што беше СДСМ, вели актерот Владо Јовановски, кој испраќајќи последен поздрав до иноваторот Ванчо Димитров, потсетувајќи дека тогашната власт немаше слух за неверојатниот пронајдок за прочистување.
Бог да го прости иноваторот Ванчо Димитров. Неговиот пронајдок овозможуваше од аусплухот да излегува 100% чист воздух. Во интервју Ванчо велеше дека за тогашни 50 марки може да го вгради пронајдокот на секој автобус. Патентот беше вграден на неговата “пезетка”, или 125п. која беше нај строго чувана тајна во Брисел. Во тоа време на власт беше СДСМ, кои од крадење немаа време за вакви револуционерни изуми. Пена ми фаќаше устата зборејки им на моќници од тогашната власт(тие што можев да ги сретнам по театарските кафани), за важноста на овој пронајдок. Да го откупи државата, колку и да бара човекот и да го вградиме на сите автомобили, автобуси, камиони, на сите фабрички оџаци….
Џабе СДС, си го товареше бродот и не труеше, како и сега кога нивни кадри не труеле со мазут со висока концентрација на сулфур, тешки метали и канцерогени честички. Затоа скоро сите сме со респираторни болести а онкологија е полна.
Штеточини!!!
Во нивно време исто така испуштивме уште еден генијален изум, награден со злато, дали во Брисел или во Женева. Имено господинот Борис Јанков и неговата фирма “Веда”, која патентираше гранулација во тврда материја која под дејство на оган се претвора во гас, кој не е штетен за озонот и го гасне оганот за помалку од 1 секунда. Борис Јанков во интервју во весникот “Време”, тврдеше дека можеме да ја покренеме терцијалната индустрија и да вработиме 50 000 луѓе. Два грама од таа материја е доволна за да изгасне пожар во 1м³. Може да се монтира во печки, во компјутери, во било кој ентериер и.т н.
Ова го пишувам за да кажам дека како земја која нема море и нема нафта, ни беа пуштани чамци за спасување од небото, ама ние не успеавме да ги препознаеме, барем не ги разбраа тие кои беа на позиција да ги откупат и вградат во општото добро.
Тоа е’, велат: “Секој народ си ја заслужува својата власт”, но ние Македонците не заслуживме таква неспособна и расипничка власт каква што беше СДСМ.