Skip to main content

Резултатите за водата во Гостивар ќе бидат објавени откога ќе одобри Обвинителството

Резултатите за водата во Гостивар направени од Институтот за јавно здравје во текот на денот ќе бидат испратени до Јавното обвинителство – соопшти директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, на прес-конференцијата во Владата.

Не е важно само да се одреди причината, туку она што е најважно – да се утврди одговорноста. Никој не смее да го загрозува здравјето на граѓаните. Како Институт продолжуваме да ја следиме епидемиолошката ситуација – рече Андоновска.

На барање на новинарите да се каже која е причината за ситуацијата во Гостивар, министерот Клековски рече дека кога Јавното обвинителство ќе даде согласност да се објават резултатите, тие ќе бидат објавени.

Ивица Томовски, директор на СОЗР, д-р Марија Андоновска, директор на ИЈЗ и министерот за здравство Сашо Клековски на денешната прес-конфренција во Владата

Испитувањата се направени на барање на Обвинителството и кога тоа ќе даде согласност јавно да се каже, ќе ги соопштиме резултатите. Не сакаме да се мешаме во истрагата – рече Клековски додавајќи дека храната како причина отпаѓа.

Поврзани вести