
ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем со тоа институциите да реагираат за случајот со Игор Кузмановски, кој да потсетиме беше експресно разрешен од позицијата директор, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ која МИА ја пренесува интегрално.
Но, ајде заедно со СДС да се согласиме и испратиме апел институциите да реагираат исто и за Јон Фрчкоски од СДС, кој на работно место во државна институција шмркаше кокаин и кој патем не е разрешен од партиските позиции и понатаму седи со Филипче и носи одлуки во СДС.
Јон Фрчкоски е член на ИО на СДС и седи на иста маса со Венко Филипче, каде одлучувал кој се ќе биде кандидат за градоначалник, а кој за советник.
Венко Филипче гордо седи на маса и носи одлуки за СДС со шмркачот на кокаин Јон Фрчкоски, додека лажно морализира.
ВМРО-ДПМНЕ и Владата покажаа непоколебливост во принципите. За разлика од тоа, СДС го води Јон Фрчкоски, кој цела Македонија го виде како на работно место шмрка кокаин.