
Рафет Мемишовски од Баир се извини за протестите и блокадата на патот Битола – Ресен.
Рафет вели дека на негов братучед му го одземале автомобилот, па бил изнервиран и под стрес, затоа се заканувал и навредувал.
Извинувањето го упати до владата, премиерот, министрите истакнувајќи дека заканите нема да ги повтори.
Мемишковски е еден од Ромите кои протестираа против тоа што полицијата им ги одзеде возилата откако ги затекна како возат без возачка дозвола. На протестот тој кажа дека ќе има убиства ако им ги земат возилата.
Полицијата против Рафет и Феим Мемишовски поднесе кривична пријава за загрозување на сигурноста.

Македонски



