
Денеска беше пуштен во употреба реновиарниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје на кој присустуваше претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

Денеска сме тука да присуствуваме на ова навистина прекрасно издание, студентскиот дом „Стив Наумов“., 1150 студенти овде ќе ја градат својата студентска иднина. Практично, условите кои што денеска ги имаат се на навистина како што некои од претходните говорници кажаа најдобри во регионот, можеби и пошироко. Навистина имаме европски услови, тоа кое што тие треба да го прават само да се посветат на учењето, да ги завршат студиите, се разбира и понатаму да го управуваат својот живот, изјави премиерот Мицкоски.

Она кое што ние како Влада го правиме додека некои седат и од страна само критикуваат без аргументи, нема поголем аргумент од испораката на проекти и исправање на пропустите и грешките од минатото. За жал се илјадници.

Премиерот Мицкоски се заблагодари на партнерите, Германската развојна банка, Европската Унија, колегите од Владата, до вработените во студентскиот центар, во студентскиот дом.

Наеднаш ќе имаме 1.150 нови легла, капацитет што досега го немавме.
На крајот на овој месец, следниот месец очекуваме да се пушти и вториот студентски дом, така што во еден момент ќе имаме и повеќе од 1.500 легла на располагање за студентите кои што до сега ги немавме, коишто ќе бидат со европски услови. Така што еве уште еднаш нека ни е со среќа, нека ни е честито, многу научни тези, дипломски, магистерски, докторски тези да се изработуваат во овие простории, во овие студентски домови, изјави Мицкоски.




Македонски

