Македонија треба да покаже волја за промена на Уставот за да постигне напредок во процесот на пристапување кон ЕУ, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос на денешната дебата со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ).
– Се надеваме дека Македонија ќе ја исполни обврската за промена на Уставот и тогаш, сигурна сум, дека штом ќе почнеме да се движиме со Македонија, исто така, и со поддршка на Бугарија ќе можеме продолжиме на тој пат, изјави Кос во одговор на прашање на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на дебатата.
Таа ја нагласи сложеноста на процесот на проширување, потенцирајќи дека се потребни 150 одлуки со консензус на членките на ЕУ за започнување и завршување на преговарачкиот процес на само една земја кандидат, но дека треба да се направи се за да се избегне билатералните прашања да влијаат на преговорите.
– Но, тоа веќе се случува и ќе се случува во иднина, па задача на сите нас е да ги решаваме кога ќе се појават, истакна Кос, додавајќи дека оние земји кандидати за членство што ги спроведуваат потребните реформи треба и да има придобивки од нивните напори.
Таа потенцира на проширувањето денес е поинакво отколку што беше пред пет години и постои огромна можност работите во овој процесот да се придвижат напред.
– Првпат по десет години постои реална перспектива дека во текот на овој мандат (на институциите на ЕУ) можеме да донесеме една, две или три земји до целта, рече Кос.