Skip to main content

Промотивен настан ,,Здрава исхрана за здрава тежина“ во Берово

Во Берово e одржан промотивен настан во рамки на проектот ,,Здрава исхрана за здрава тежина“. Општинското средно училиште Ацо Русковски од Берово го реализира проектот преку Еразмус+ програмата преку повикот на Националната агенција за европски образовни програми мобилност.

Нашето училиште доби грант средства за двонеделно патување на учениците ученици во Умбрија Италија. За овој период учениците се стекнаа со интернационално искуство во делот на угостителството и туризмот и активно преку теоретска и практична работа учеа за здравата исхрана и нејзината важност за здравјето на секој од нас, истакна професор Весна Ралповска.

Со презентирање на успешниот пример од Италија за органското земјоделско производство и здравата храна од училиштето очекуваат воведување на нови импулси во развој на наставната програма за стручното образование.

Во рамки на настанот беа претставени сите активности, кои учениците ги имале за време на посетата во Италија.

Од Општина Берово изразија поддршка за установата во реализација на ваквите идни проекти. За патувањето на беровските гимназијалци како дел од проектот беа издвоени 51.992 евра.

Поврзани вести