Skip to main content
ВМРО-ДПМНЕ со цврст став

Промена на химната нема да има

ВМРО-ДПМНЕ денеска стави крај на шпекулациите кои се појавија во јавноста отако лидерите на коалицијата Вреди излегоа со изјави дека со отварањето на прашањето на грбот ќе се разговара и за промена на државната химната. Тоа го најавија и Арбен Таравари и Билал Касами кои сметаат дека за сите прашања треба да се разговара во пакет.

ВМРО-ДПМНЕ смирува дека ниту се разговарало ниту пак во иднина ќе се разговара за промена на химната.

ДУИ матрицата на етнизирање на сите важни прашања, и СДС пинг понг политиката треба да престане. Ниту некогаш било разговарано за промена на химната, ниту пак во иднина ќе се разговара. Граѓаните може да бидат спокојни. Времето на ДУИ и СДС на губење и порази на сите теми, со цел да се затскрие криминалот, помина.

Поврзани вести