Skip to main content
Весник од Брисел се заинтересира за однесувањето на СДСМ кон медиумите

Притисокот на Филипче врз „Република“ стигна до Брисел

Притисокот на лидерот на СДСМ Венко Филипче врз „Република“ стигна и до седиштето на Европската унија. Весникот „brusselsmorning“ објави текст со наслов „Проевропска партија само декларативно: Болшевичкиот пристап на СДСМ кон контролата на медиумите“ во кој се критикува притисокот и односот на опозициската партија во Македонија кон новинарите чии наслови ги нарекува „токсични“.

Во текстот се нагласува дека лидерот на партијата, Венко Филипче, и портпаролката Богданка Кузеска, се појавиле како највидливи спроведувачи на оваа кампања , позиционирајќи се како неформални „проверувачи на факти“ на медиумите.

Моделот е откривачки. СДСМ не се спротивставува на лагите, туку на контролата. Насловите се прегледуваат, мотивите се доведуваат во прашање, а новинарите се обвинуваат за токсичност кога известуваат за непријатни факти, пишува „brusselsmorning“.

Извор: brusselsmorning.com

Поврзани вести