Skip to main content

Премиерот Mицкоски задоволен од средбата со специјалниот пратеник на Трамп, Ричард Гренел

Продуктивна средба и одлична дискусија со Ричард Гренел, специјален пратеник на претседателот Трамп за специјални мисии.Стратешките односи со САД се темелот на нашата стабилност и економски развој, напиша од Минхен премиерот Мицкоски.

​САД остануваат нашиот најголем поддржувач и стратешки партнер. Во време на глобални предизвици, зајакнувањето на ова партнерство е од клучно значење за нашата национална безбедност и економски напредок.

Градиме партнерство базирано на взаемна почит, економска соработка и заедничка посветеност на мирот и стабилноста, додаде Мицкоски.

Поврзани вести