
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата размислува за нови мерки за стабилизирање на цените на храната, вклучително и можноста данокот на додадена вредност да се намали од 5 на 0 проценти за одредени сезонски производи.
Мерките кои евентуално би ги презеле се за сезонските производи, кои веќе двојно ја намалија цената за една недела. Во зависност како ќе се движат, така ќе постапиме“, изјави Мицкоски.
Тој потенцира дека Владата веќе испратила порака до трговците да не ги зголемуваат маржите, туку да ги намалуваат, со цел да се зголеми обемот на продажба.
Предупредивме дека не смеат да ги зголемуваат маржите. Волуменот ќе им се зголеми ако цените се пониски“, рече премиерот.
Мицкоски додаде дека кризната состојба е продолжена и оцени дека државата се справува „убедливо најдобро во регионот“, посочувајќи дека мерките со намалување на ДДВ, кои претходно биле критикувани, сега се препорачуваат и на европско ниво.

Македонски


