Комисијата за спроведување на избор на членови на Судскиот совет од редот на судиите ќе ги објави прелиминарните резултати од днешените избори за член на Советот од редот на судиите од апелациското подрачје Штип и член на Советот од редот на судиите припадници на заедниците која е повеќе од 20 проценти од населението во државава.
Гласањето се одвиваше од 8 до 15 часот во изборните места во сите судови во државава, а согласно одредбите од Законот за Судскиот совет, Комисијата ги сумира резултатите врз основа на записниците од изборните одбори.