Skip to main content

Полска соопшти за уште еден руски напад со беспилотно летало врз украински контролен пункт во близина на границата

Фрипик

Руски дрон го погоди денеска селото Старовојтове во Украина, кое се наоѓа во близина на полската граница, оштетувајќи украински контролен пункт, изјави вршителот на должноста регионален гувернер на Волинската област Роман Романиук.

Селото Старовојтове, во близина на полската граница, беше погодено. Од експлозијата е оштетен објект на контролниот пункт што се наоѓа на влезот во граничниот терминал“, напиша Романиук на Телеграм.

Засега нема извештаи за повредени или загинати, додаде тој.

Селото Старовојтове се наоѓа на околу два километри од полската граница, во близина на украинскиот контролен пункт „Јагодин“.

Полскиот министер за одбрана Владислав Кошињак-Камиш, исто така, го објави нападот во објава на социјалната платформа Х.

Немаше нарушување на полскиот воздушен простор. Нашите системи за воздушна одбрана и нашите авиони беа подготвени да одговорат“, рече тој.

Во изминатите недели, Русија изврши неколку напади во близина на украинско-полската граница, што беше остро осудено од Варшава и нејзините европски сојузници.

МИА

Поврзани вести