
Ги замолувам поединци и некои портали да престанат да објавуваат неточни информации за Центарот за полагање Струмица. Центарот поседува лиценца која е издадена во 2023 година и која се уште е валидна. Така што лажни се информациите за доделен нов тендер од страна на МВР а и боло каква поврзаност со лидето Јанев Јорданло со тој Центар. Ви благодарам – напиша на социјалните мрежи Столе Иванов, сопственик на Центарот.
Ваквата реакција доаѓа откако во Струмица пред локалните избори разединетоста во општинската организација на СДСМ почна да резултира со бројни шпекулации и манипулации. Герасим Лазов, истакнат активист и член на Централниот одбор на СДСМ на социјалните мрежи пишува дека е можно министерот Тошковски да доделил тендерот за полагање на возачки испити во Струмица на баџанакот на Христијан Мицкоски, Јорданчо Јанев.
Тој прашува дали Панче Тошковски наместил тендер за истиот да го добие Јорданчо Јанев, баџанак на премиерот Христијан Мицкоски.
„Дали баџанакот на премиерот Мицкоски, Дано камионџијата го има земено тендерот за испитниот центар за полагање на возачки испит за Струмица и околината? Дали Панче Тошковски го наместил тендерот баш баџанакот Дано да го добие? Вие патриоти на батерии пуштете си ја заветна и посилно плускајте“.