Skip to main content

Потврдена силата на партнерството меѓу САД и Македонија, Агелер присуствуваше на почеток на изградбата на автопатпт Тетово – Гостивар

Фејсбук профил на американската амбасада во Скопје

Изградбата на автопатот Тетово-Гостивар започна денеска, на поставување на камен темелникот присуствуваше и амбасадоката на САД во Македонија, Анџела Агелер.

Амбасадорката Агелер, објави амбасадата, им се придружи на премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот Александар Николоски, вицепремиерот Изет Меџити, други високи гости и вработените во Бехтел-Енка на церемонијата по повод поставувањето камен-темелник на делницата Тетово-Гостивар од Коридорот 8.

Амбасадорката ја истакна силата на партнерството меѓу САД и Македонија и улогата на американската експертиза во изградбата на овој стратешки инфраструктурен проект што ќе ја подобри регионалната поврзаност и економскиот развој, објавија од американската амбасада.

Поврзани вести