Skip to main content

Потпишан анекс на Колективниот договор во Општина Делчево, зголемување на платите за вработените

Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски заедно со претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски и претседателката на синдикалната организација при Општина Делчево, Ивана Ивановска денеска потпишаа Анекс за измена и дополнување на Колективниот договор на Општина Делчево.

Со овој анекс се регулира и зголемува висината на платите на вработените во Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Делчево. 

Со тоа се решава долгогодишен, децениски проблем на професионалните пожарникари. Воедно, со измените во договорот се предвидува зголемување на платите и за сите вработени во Општина Делчево, истакна градоначалникот Гоцевски.

Од Општина Делчево посочуваат дека овој договор претставува значаен чекор кон унапредување на правата и статусот на вработените.

На овој начин ќе имаме подобрување на условите за работа, како и зголемување на мотивацијата, стабилноста и ефикасноста во извршувањето на секојдневните работни обврски, подвлече градоначалникот на Делчево.

Поврзани вести