
Движењето ЗНАМ – за наша Македонија денеска ќе одржи панел-дискусија „Посветеност – Отчетност – Резултат“, по повод одбележување една година учество на Движењето во Владата.
Од Движењето ЗНАМ информираат дека панел-дискусијата е прилика за аргументирана дискусија за реализираните активности во изминатата година, како и за отворено разгледување на предизвиците и идните насоки во рамки на нивната заложба за напредок и одговорно управување.
Поздравно обраќање ќе има претседателот на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија, Максим Димитриевски.
На првата панел-дискусија ќе се обратат Горан Минчев, министер за јавна администрација, Мирослав Лабудовиќ, заменик-министер за енергетика, рударство и минерални суровини, Борче Серафимовски, државен секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ивана Гиновска, директорка на Државниот инспекторат за животна средина и Нико Берберу, директор на Институтот за акредитација.
На втората панел-дискусија ќе се обратат министерот за правда Игор Филков, Радослав Настасијевиќ Варџиски, заменик-министер за дигитална трансформација, Никола Мемов, директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, Оливера Трајковска, директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и Злате Мехмедовиќ, директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација во Скопје.