Skip to main content

Почина Драги Гроздановски, порашен пратеник на ВМРО ДПМНЕ од Битола

Почина Драги Гроздановски поранешен пратеник од Битола. Гроздрановски е роден 1957 година во Битола. Завршил Правен факултет, беше пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во првиот состав на парламентот, беше претседавач на Советот на Општина Битола и истовремено координатор на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.

Функцијата директор на Агенција за разузнавање ја извршуваше во два наврати во периодот од март 2000 година до февруари 2002 година и од мај 2003 до септември 2004 година.

Погребот ќе биде извршен утре.

Поврзани вести