Skip to main content

Петрушевски: Тендерот за анкетите е согласно годишниот план, за разлика од тендерите на СДС, не е во 4 очи

ВМРО ДПМНЕ

Политиката на СДС се сведува само на евтин популизам. По нивната аналогија од која на секој нормален му се гади, би требало да ги повикаме целиот имот на Заев во Дубаи стекнат со криминал да се поклони за донации за Кочани, и целата украдена и криминално стекната хациенда на Венко Филипче сместена на Водно исто така да биде поклонета за цели за Кочани, одговори Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на новинарско прашање.

Ваква политика на ниски страсти и некрофилија треба да престане под итно. СДС пред да излезат на прес-конференција треба да знаат дека со нивните прес-конференции одат против себе, затоа што ист таков тендер, со иста таква сума одобриле и распишале тие додека биле на власт, и дека впрочем тоа е тендер предвиден со планот на јавни набавки.

Суштината тука е што има спорно во постапката и кој дел од постапката не е испочитувана? Се работи за комплетно законска постапка која ги опфаќа сите законски аспекти. Нема договарања во 4 очи, и нема провизии како во минатото кога тоа беше омилена практика на СДС и ДУИ, додаде Петрушевски.

И затоа сега СДС свесно прави забуна и вулгаризира, иако ова е истиот тендер кои тие го спроведувале редовно но очигледно тоа го правеле за да задоволат свои интереси, а не за да ја видат реалната слика за нивните политики, не се тоа анкети за мерење рејтинг, туку истражувања на јавното мислење за политики и проверка на проекти и реформи дали народот ги прифаќа или не.

Спротивно на СДС Владата на ВМРО-ДПМНЕ го слуша народот и го прифаќа секое она коешто ќе дојде како порака и го анализира дали проектите се поддржуваат или потребни се промени. Само така може да се спроведуваат конзистентни политики базирани на интересот на јавноста наспроти политиките на СДС кои беа за интересот на малкумина од СДС и ДУИ – изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Да не се заборави дека СДС се мајсторите за криминални тендери во 4 очи. Е тоа време заврши. Очигледно СДС не се менува, додаде Петрушевски.

Поврзани вести