Пеце Мирчевски ја користел СОЗР за личен профит, СДС го празнеле буџетот за тендери на блиски лица. Наместо СОЗР да се користи во корист и служба на граѓаните, била користена за богатење на Пеце Мирчевски, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Во периодот од 09.06.2021 година до 13.06.2024 година, Пеце Мирчевски од СДС, свесно и со умисла, извршил службени дејствија кои што не смеел да ги изврши и потпишал пет договори за јавни набавки со фирма од Скопје, во сопственост на нему блиско лице, a притоа не го пријавил постоењето на судир на интереси, не се изземал од истите постапки за јавни набавки и во текот на целиот тој период, а и по престанувањето на функцијата директор, остварувал директна материјална корист за себе и за свое блиско лице од правниот субјект во сопственост и управуван од страна на сопственикот на фирмата – додаде Петрушевски.
Пеце Мирчевски на овој начин на постапување сторил кривично дело примање поткуп по член 357 став 1 и став 3 од Кривичниот Законик. Пеце Мирчевски е фатен со двете раце во криминал. На виделина излегуваат сите злоупотреби на СДС и нивните функционери изминативе 7 години. Одговорност има, нотираше Петрушевски.