Skip to main content

Пет пациенти од пожарот во Кочани денеска се вратија дома по лекувањето во странство

МИА архива

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски преку „Фејсбук“ објави дека денеска во земјава се вратени пет пациенти кои се лекуваа надвор од државата по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Еден од пациентите се лекуваше во Грција, а четворица во Шпанија. Тие беа пречекани на Меѓународниот аеродром во Скопје.

Еден од нив пристигна од Атина, а четворица беа транспортирани од Мадрид. Тие се вратија во добра здравствена состојба, по одличната медицинска грижа која ја добија во Шпанија и Грција, за што искрено изразуваме благодарност. Кризниот штаб при Министерството за надворешни работи и надворешна трговија останува целосно активен и продолжува да го координира процесот на репатријација на повредените пациенти, како и поддршката за нивните семејства, се наведува во објавата.

Во текот на утрешниот ден, според најавите на надлежните, се очекува во земјава да пристигнат уште пациенти кои беа испратени на лекување во странство по пожарот во дискотеката во Кочани во кој загинаа 59 лица, а околу 200 беа повредени.

Вчера во земјава се врати и пациент кој беше лекуван во соседна Србија.

Како што информираше министерот за здравство Арбен Таравари, четворицата пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба.

Поврзани вести