
Златко Перински, министер за локална самоуправа на настанот Саем-Отчет, 4 години работа за тебе информираше дека оваа Влада финансираше околу 1200 проекти од различни области во сите општини ширум Македонија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„На првиот повик од минатата година се пријавија општините за 288 проекти, од кои 137 се завршени. На вториот повик имаше 887 апликации, а беа прифатени точно 828 проекти. Кумулативно тоа се околу 1200 проекти кои се реализираат со помош на централната власт“, информираше Перински.
Според Перински градоначалниците имале многу предизвици, а немаа никаква поддршка од претходната влада.
„Ние им помогнавме да ги детектираат предизвиците и да им понудиме одржливост и да им помогнеме во изведба на поголеми проекти бидејќи сите располагаат со различни потенцијали“, вели Перински.
Перински е задоволен од постигнувањата на општините.
„Секој се бори да направи што е можно повеќе и се надевам по изборите ќе бидат дополнително помотивирани да работат за граѓаните“, заклучи Перински.