
Денеска присуствував на отворање на обновениот туристичко-културен комплекс „Македонско село“ во скопско Нерези – уникатно место, симбол на нашата традиција, архитектура и занаети, објави на својот фејсбук профил Златко Перински.
Реотворањето на комплексот е уште еден проект, резултат на посветеноста на оваа Влада за одговорно управување со државниот имот со кој се дава поддршка на културата и туризмот, се поттикнува економскиот раст, креираме нови работни места и ја збогатуваме туристичката понуда на Македонија.
Особено ми е драго што поддржуваме проекти кои ја раскажуваат приказната за нашата земја на автентичен и модерен начин – создавајќи нови можности за локален развој и меѓународна промоција, со најголема корист за граѓаните.