Skip to main content

Перински: Партнерството меѓу Владата, општините и Европската делегација е од суштинско значење за успешната интеграција на земјава во ЕУ

Партнерството меѓу Владата, општините и Европската делегација е од суштинско значење за успешната интеграција на земјава во Европската Унија, која не е само политичка цел, туку процес на длабоки реформи кои го подобруваат животот на граѓаните, напиша на својот фејсбук рофил, Златко Перински, министер за локална самоуправа.

Цврсто сме посветени на процесот на децентрализација и јакнење на капацитетите на општините преку обезбедување конкретна поддршка и градење европски стандарди на локално ниво.

Преку програмата „ЕУ за општините“ ја зајакнуваме локалната економија и соработка.

Благодарни сме за континуираната поддршка од Европската Унија која е клучна за изградба на функционален систем и за зголемен квалитет на живот на сите граѓани.

Поврзани вести