
Ние не можеме повеќе да си дозволиме да бидеме политичари коишто креираат решенија во рамки на нашите канцеларии, затоа ја започнавме иницијативата “Каде што срцето е дома“, нагласува министерот Златко Перински.
Нашата држава веќе нема комодитет, ниту еден ден повеќе да изгуби во непродуктивна политика. Токму затоа ја започнавме иницијативата “Каде што срцето е дома”, преку која од една страна ги слушаме оние кои се креатори на локалната политика, градоначалниците и советите, да ги чуеме нивните предизвици со кои секојдневно се соочуваат, а од друга страна да ги чуеме потребите и желбите на граѓаните преку директен контакт со нив. Ние не можеме повеќе да си дозволиме да бидеме политичари коишто креираат решенија во рамки на нашите канцеларии.