Skip to main content

Останаа уште неколку дена: Студентите можат да аплицираат за субвенциониран оброк до 5 февруари

Студентите кои сакаат да го остварат правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година имаат уште неколку дена да аплицираат, информира Министерството за образование и наука (МОН). Рокот за поднесување на пријавите истекува на 5 февруари 2026 година.

Правото на субвенциониран студентски оброк е наменето за редовни студенти на додипломски студии со месечен приход понизок од минималната нето плата, како и за студенти запишани на постдипломски и интегрирани студии на државните и приватните универзитети во земјава.

Од МОН посочуваат дека студентите кои ги исполнуваат условите, а досега не аплицирале, можат електронски да поднесат пријава преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk.

Условите и критериумите за остварување на ова право се објавени на официјалната веб-страница на Министерството.

За дополнителна поддршка при аплицирањето, студентите можат да се обратат на електронската адреса [email protected]. Истовремено, повторно може да аплицираат и студентите на кои претходно им било прекинато правото на субвенциониран оброк, доколку сметаат дека ги исполнуваат пропишаните услови, како и оние кои не аплицирале во претходните активни рокови.

Поврзани вести