
Алимпие Алулоски, од Одделението за стручна и технича поддршка на Програмскиот совет на МТВ, повторно го привлече вниманието на јавноста со својата сатирична критика кон Сашо Орданоски.
Во објава на социјалните мрежи, Алулоски го означи Орданоски како пример за „почетен стадиум на Тричкозофренија“, алудирајќи на честите противречности и хистерични реакции на политичкиот аналитичар.
Оваа забелешка доаѓа во контекст на последните јавни настапи на Орданоски, кој со нервозни коментари се обидува да одговори на критиките за неговото долгогодишно политичко позиционирање.
Откако неговата претходна реторика за безусловна западна поддршка доживеа крах со геополитичките промени, Орданоски и сличните нему сега врескаат против истата Америка која долго време ја претставуваа како единствен пат за Македонија.
Алулоски, кој е познат по својата прецизна критика, со овој коментар јасно стави до знаење дека ја препознава големата нервоза што владее во редовите на старите пропагандисти на СДСМ.