
На највисоко ниво со почитување на верските традиции и граѓански обичаи Охрид ќе ја одбележи најмaсовната верско- културна манифестација во земјава, Богојавление – Водици.
Централните празнувања се на 19 јануари. Започнуваат во раните утрински часови со свети и празнични литургии во сите парохиски цркви, по што трите литии од црквите Св. Богородица- Каменско, Св. Георги – Горна Влашка Мала и Св. Никола-Геракомија ќе се упатат кон градското пристаниште.
Чинот на полагањето на Светиот крст во водите на Охридското Езеро ќе биде во 10 часот од Колцето на пристаниште, а ќе го изврши Митрополитот Дебарско – кичевски г. Георги.
Во 12 часот на плоштадот „Св. Климент Охридски“, концерт ќе одржат фолк дивите, Елена Андоноска и Елена Велевска, а ќе се служи и топла ракија за сите верници и добронамерници. По традиција истиот ден од 9 до 15 часот, Црвен Крст – Охрид ја спроведува традиционалната крводарителска акција во ЦК „Григор Прличев“, „Една капка може да промени се“ . Екипи на Црвен Крст ќе се задолжени и за безбедноста на капачите.
Истиот ден кај месноста Сараиште точно напладне свештено лице ќе го изврши бесплатното групно крштевање.
Се очекуваат туристи од земјава и соседството.

Македонски





