
Попладнево се врати во Македонија 22-годишниот пациент кој беше еден од повредените во страшниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани.
Тој се лекуваше во Атина.
На аеродром го пречекаа министерот за здравство Арбен Таравари и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
Таравари изрази надеж дека по 24-часовен престој, откако ќе бидат направени токсиколошките испитувања, тој ќе биде пуштен на домашно лекување.
Министерот за надворешни работи најави дека и во текот на утрешниот ден се очекува враќање на дел од пациентите кои се лекуваат во странство.
Продолжуваме со тековна комуникација со здравствените власти во државите каде што се сместени овие пациенти. Нашите дипломатско-конзуларни претставништва се постојано во комуникација и со семејствата, нагласи Муцунски.
Вечерва се очекува во земјава да пристигнат и четворица пациенти од Шпанија.