Skip to main content

Од 14 април ќе има една и заедничката гранична контрола на граничниот премин кон Косово, Долно Блаце

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста  дека од средина на месец април (14.04.2025) официјално ќе започне со работа заедничката гранична контрола (One Stop Shop) на заеднички граничен премин Долно Блаце – Елез Хан.

Овој чекор претставува конкретна реализација на билатералната соработка помеѓу Македонија и Косово, со цел олеснување на прекуграничното движење, намалување на времето на чекање и зголемување на ефикасноста на граничните контроли.

Поврзани вести