Skip to main content

Новиот известувач на ЕП ќе се сретне со Иванка Василевска и со Филипче

 Европратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент, Томас Вајц денеска ќе го посети Собранието на Република Македонија.

Како што информираат од собраниската прес-служба, Вајц ќе оствари средба со раководството на коалицијата „Влен“, а ќе се сретне и со Иванка Василевска, копретседавачка на МПК – РСМ и ЕУ и со лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Австрискиот европратеник во октомври лани беше именуван за нов известувач на Европскиот парламент за Македонија.

Тој доаѓа на местото на бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, кој ја извршуваше оваа функција.

Поврзани вести