Skip to main content

Николовски: Македонските политички (не)корисни идиоти

Христијански е, пред се’ човечки е да се сочуствува, да се има емпатија кон луѓе кои го загубиле најмилото, највредното во својот живот. Да се сочуствува со оние кои патат, кои се унесреќени, и да им се даде силна поддршка и почит, пишува во својата последна колумна за „Нетпрес“ новинарот Дејан Николовски.

Од овие причини вчера речиси во сите градови во Македонија, огромен број граѓани излегоа да им оддадат почит на жртвите во најголемата несреќа што ја снајде земјава во поновата исорија. Мирно, достоинствено, во тишина, илјадници граѓани на Македонија, запалија свеќи и со молк оддадоа почит на сите жртви од оној ужас во Кочани, кој однесе 59 млади животи.

Но, за да се уништи сето ова, тука се оние, што до скоро јавноста ги препознаваше како соросиди, платеници, протестирачи по потреба… политички (не)корисни идиоти. Веднаш се истопорија пред камери, на договорени, поточно однапред исценирани ситуации. Веднаш знаат како треба да се оправа работава, што треба да се преземе, каде потфрлува државата. А, седум години беа напикани по дупки, молчеа и глава не креваа, па дури и во ситуации кога исто така корупцијата предизвика трагедии со дузина мртви. Тогаш молчеа, беа глупи и не знаеа што треба да кажат. Сега одеднаш се опаметија, се’ знаат.

Е, токму тие се најголемите виновници за фаличниот систем во кој живееме. Систем на кој најголеми осакатувања му беа сторени од 2017 до 2024 година. Период во кој системот беше крвнички уништуван и инвалидизиран. И тоа токму од оние политички менаџери, кои дојдоа на власт баш со силна и безрезервна поддршка на политичкиве (не)корисни идиоти, кои пак сега најгласно врескаа фатете го крадецот! А, какво мислење имаше нивниот лидер за нив и колку ги ценеше, чувме во еден снимен разговор.

Лидерот на СДСМ, јавно излезе и кажа дека неговата партија нема да ја политизира несреќата во Кочани. Дека институциите на државата мора транспарентно да ја истераат работата и да си одговараат пред законот сите што треба да одговараат, без разлика дали станува збор за бивши или сегашни функционери. Дека оваа трагедија не смее да не’ подели, туку да не’ обедини. Рака на срце, секоја чест за ваквиот потег на Филипче.

Но, дали беше искрен?

Целиот тескт тука

Поврзани вести